×

КУРС ЗА ИЛУСТРАЦИЈА ЗА ДЕЦА

За кого: Деца од 7 до 15 години
Почеток: 24.септември
Времетраење: 3 месеци (12 седмици)
Настава: Секоја сабота, времетраење 120мин.
Локација: Јавна соба, центар за дизајн и иновации
Ментор: Ирина Михајлова (превземи курикулим витае)
Организација: Јавна соба – центар за дизајн и иновации
Цена: 4.700 денари
Рок за пријавување: 20. септември

КАКО ДА ГО ПРИЈАВАМ МОЕТО ДЕТЕ?
Пријавувањто се врши на 2 начина:

1. Online
Превземете пријава, исполнете ја и испратете ја на ivana@publicroom.org
Организаторот испорачува фактура во износ од 4.700 денари која е потребно да биде уплатена пред започнување на курсот.
2. Лично во Јавна соба
Оставање на податоци за вашето дете – учесник во концептуалната продавница во Јавна соба (приземје) во период од 12:00
до 20:00ч и вршење на уплата на лице место. За закажување на средба со одговорно лице контактирајте не
на ivana@publicroom.org.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Овој курс по илустрација нуди развој на уметничко знаење, креaтивно размислување и лични вештини со минување низ
различни медиуми, практични форми на работа и дизајн изрази. Курсот е наменет за деца од 7 до 15 години, кои работат
индивидуално и во помали групи. Наставната програма ќе опфати прогресивни лекции за сликарството, модната илустрација,
3D уметноста, мешаните медиуми, па дури и типографијата, кои се сметаат за основа во било која дизајн дисциплина
(индустриски, производ, графички, моден, накит).
Курсот е во организација на Јавна соба во соработка со Ирина Михајлова – илустратор и графички дизајнер.

ПРИДОБИВКИ ЗА ДЕЦАТА УЧЕСНИЦИ
Со учество во курсот за илустрација секое дете ќе обезбеди солидна основа за развој на сопствените креaтивни вештини,
ќе може лесно да ги совлада високите критериуми за упис во средно училиште или дизајн/ликовна академија. Понатаму,
ова стекнато практично искуство од најмали нозе ќе му користи за подобро да го разбере маркетингот (најкретивната
дисциплина во економијата) и комуникацијата во бизнис сферата на делување, во случај детето да има поизразен интерес кон
економски науки. Покрај сите овие придобивки со овој метод на неформално образование учесниците видно ќе го подобрат
чувството за хумор, прецизноста, естетиката и педантноста во работењето. Сертификатот за завршен курс по илустација кој
секој учесник го добива, е корисен за идно запишување на студии, кариерни програми како во земјата, така и во странство.

ПРОГРАМА = 12 предавања х 120мин. + организирана изложба + сертификат за основен курс по илустрации

Воведено предавање / 24.09.2017 (недела)
Курсот започнува со запознавање на материјата која се изучува, поставување на цели, доделување потребни материјали
на секој учесник за претстојниот курс (sketchbook, молив, гума, рапитограф). Разменување на првични идеи и пренесување
на истите на хартија и разработка.

Предавање 2 / 30.09.2017
20 минути теорија за линија + 20 минути презентација + 80 минути практични вежби.

Предавање 3 / 07.10.2017
20 минути теорија за форма + 100 минути совладување на форма и линија.

Предавање 4 / 14.10.2017
20 минути теорија за боја + 100 минути вежби за користење на боја со градација, (контрастни бои, примарни и секундарни бои)
со користење на дрвени боици, темперни бои, фломастери.

Предавање 5 / 21.10.2017
20 минути теорија за типографија + 100 минути вежби со типографски елементи.

Предавање 6 / 28.10.2017
120 минути склопување на идеата во форма на колаж која на крајот од курсот ќе биде реализирана.

Предавање 7 / 04.11.2017
20 минути теорија за илустрација + 100 минути вежби инспирирани од колажот.

Предавање 8 / 11.11.2017
100 минути развивање на идејата преку технички скици и илустрации + 20 минути дикусија/критика.

Предавање 9 / 18.11.2017
20 минути одбирање на 3Д форма или текстура + 100 минути вежби со имплементирање на формата врз илустрација.

Предавање 10 / 02.12.2017
20 минути селекција на илустрации + 100 минути реализирање на главно идејно решение.

Предавање 11 / 09.12.2017
120 минути завршување на главно идејно решение.

Предавање 12 / 16.12.2017
Подготовки за изложба.

КОНТАКТ
ivana@publicroom.org
Јавна соба, 50 Дивизија 22, 1000 Скопје