Датум и време: Сабота [26.12.2015] 17:00ч
Локација: Јавна Соба – Центар за дизајн и иновации
Ментор: Оливија Георгиевска
Јазик: Македонски и Англиски
Пријавување: kristina@publicroom.org и 072 566 515
ОПИС НА РАБОТИЛНИЦАТА
Оваа работилница е наменета за деца на возраст од 6 до 15 години со оглед на тоа дека бара добра координација и вештина за самостојна работа на виткање, сечење, боење и лепење.Работилницата која ќе трае два часа опфаќа:
Работење со неколку разноврсни медиуми – акрилни бои-боење, сечење и лепење, превиткување на хартија, изработка на хартиени украси кои потекнуваат од оригами техниката
Се надеваме дека Вашите деца одлично ќе се забавуваат во дво-часовната креативна работа која ќе ги научи да ги реализираат своите идеи и ќе изработат прекрасни новогодишни честитки за своите родители, другарчиња, дедовци и баби. :)
Пријавувањето е задолжително, местата во групата се ограничени!