Датум и време: Сабота [06.02.2016] 17:00
Локација: Јавна Соба – Центар за дизајн и иновации
Ментор: Оливија Георгиевска
Јазик: Македонски и Англиски
Пријавување: kristina@publicroom.org и 072 566 515
ОПИС НА РАБОТИЛНИЦАТА
Оваа работилница е наменета за деца на возраст од 8 до 15 години со оглед на тоа дека бара добра координација и вештина за самостојнo сечење и лепење. Работилницата која ќе трае два часа опфаќа:
• Изучување на техника на декупаж, или салфета техника.
• Изумување идејно решение за украсување на чаша и изведба.
• Внимателно сечење, стекнување трпеливост и истрајност
Се надеваме дека Вашите деца одлично ќе се забавуваат во дво-часовната креативна работа која ќе ги научи да ги реализираат своите идеи од хартија на керамика, ќе ги научи да уредуваат празна белина на чашите и да работат со внимание и трпение. И секако...дома ќе се вратат возбудени и среќни со прекрасно парче дизајнирано од нив со кое ќе се гордеат на својата креативност, идеја и изработка.
Пријавувањето е задолжително, местата во групата се ограничени!