ФОРУМ СКОПЈЕ 3 – Креативен град Скопје
Овогодишното издание на Форум Скопје целосно се посветува на локалните проблеми со кои целокупната културна сцена во Македонија се судрува во овој момент. Уверени дека постои доволен капацитет кој е активен во рамките на културните организации во Македонија, одлучивме оваа година да не користиме странски експерти кои ќе бидат посредник помеѓу спроведувачи на културната програма во земјава и одговорните за донесување на одлуки.
Климата во Македонија е доволно добра да може да се воспостави дијалог и постепено да се гради еден здрав однос помеѓу назависните културни креатори и одговорните за донесување на одлуки.
Инспирирани од нашето секојдневие, културата која ние самите ја креираме и поучени од изминатите проекти (ФС1, ФС2) предлагаме еден малку поинаков пристап и работна атмосфера. Овој пат го лимитираме бројот на излагачи и ја конкретизираме програмата во насока на јасно детектирани проблеми.
ЗАПИСНИК И ЗАКЛУЧОК ФОРУМ СКОПЈЕ 3
Организатори: Европска Алијанса Република Македонија & Јавна Соба
Поддржано од: Град Скопје, Министерство за култура на Р.Македонија и Винарија Сковин


