Формат: курс за готвење
Тема: шпанска кујна
Времетраење: 7 недели (секоја среда по 2 часа + дегустација пропратена со чаша вино и дружење)
Почеток: среда, 29. мај, 2019 (18:30ч.)
Место: SLAVA ROOM, кат 1, Јавна соба / Public Room
Ментор: Марк де Јонг
Јазик: македонски / со шпанска терминологија
Цена на курсот: 8.150 МКД (вклучена опрема, намирници и туторијали за готвење, дружење и забава)
Упис: задолжителен (бројот на учесници е лимитиран), а учесниците се запишуваат на принцип прв пријавен - прв запишан
Рок за пријавување: до 23.мај, 2019
ЗА КУРСОТ
Јавна соба во соработка со готвачот Марк де Јонг отвораат нова програмска активност за поединци, парови или мали групи. Станува збор за 7 неделен курс по креативно готвење на тема шпанска кујна. Курсот е наменет за лица кои сакаат да навлезат во тајните на шпанската кујна и да научат како се подготвуваат шпански специјалитети. Дополнително, но многу значајно, е што сите учесници ќе научат што значи „culinary management”, односно менаџирање на процесите на подготовка на храна.
Она што останува за секој учесник по завршувањето на курсот се совладани основите на шпанската кујна, како и рецепти кои се едноставни и можат да се користат без разлика на нивото на кулинарски вештини кои секој учесник ги поседува пред почетокот на курсот.
Програмата се темели целосно на практична наобразба која ја пренесува искусен готвач, кому шпанската кујна му е една од неговите специјалности. Процесот на едукација предвидува секој од учесниците да ја следи демонстрацијата на Марк, а подоцна истото да го подготвува самостојно или во пар. Целта е сите учесници да ги дознаат тајните на шпанската кујна, да научат да подготвуваат вкусни јадења прифатливи за сите генерации, храна која има хранливи состојки и лесно се подготвува и сервира.
ШТО ОПФАЌА СЕКОЈ ЧАС
• Состојки потребни за подготовка на храна,
• Прибор и опрема потребни за подготовка,
• Информации за производители и локални дистрибутери на значајни намирници,
• Дискусија за состојките, начин на подготовка, начин на сервирање и презентација,
• Техники на приготвување и нивна примена во секојдневниот живот,
• Декорација на порција и презентација пред гости,
• Дегустација на зготвената храна и критика.
ХРАНА
Entrante (TAPAS)
• GaspachoAndalous
• Tortilla traditional
• Empenadas de carne
• Patats Bravas
• Croquettes de Jamon
• EnsaladillaRusa
• Patates con calamares
• Mejillones al forno
• Empedrat
• Huevos flamenca
Plato principale
• Paella valenciana
• Canelons à la Catalane
• Vitello con chorizo
• Le cocidoMadrilene
• La Fabada
• Pescaitofrito
• Albondigas
• Cerdo Relleno de Castilla
• Pollo con ajoenlimon
• Ragu de pollo
ЗА КОГО Е ОВОЈ КУРС
Гастрономи во душа, вљубеници во кујната кои сакаат да научат нови кулинарски трикови во поглед на подготвување на лесна, добра и здрава храна. Луѓе кои не престанувуаат да учат и осознаваат, а кујната ја гледаат како простор за опуштање, релаксација и социјализација. Луѓе кои од блиску сакаат да ја запознаат шпанската култура – добра храна и вино.
ЦЕНА
8.150 МКД – цена на курсот, и вклучува:
• Неповратна престилка за секој учесник,
• Неповратна крпа за секој учесник,
• Прибор и опрема потребни за подготовка на храната,
• Намирници за секој час,
• Пренос на професионални техники на готвење и шпански оригинални рецепти,
• Дегустација на подготвената храна и разговор/критика,
• Чаша вино за секој учесник, се служи по завршување на часот.
ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАМ ЗА ДА СТАНАМ УЧЕСНИК?
• Да се пријавам на курсот со испраќање на email на info@publicroom.org
• Уплатам 8.150 МКД за курсот,
• Дојдам на 29. мај 18:30 во Public Room и станам дел од неформалното образование за совладување на тајните на шпанската кујна,
• Да ја резервирам секоја среда во период 29. мај– 10. јули, 2019 за овој курс.
ШЕФ МАРК ДЕ ЈОНГ
Марк де Јонг е роден на 21.08.1968 во Брисел, Белгија. Почнал да го изучува кулинарството на 15 години. Додека се школувал, започнал да работи како асистент во еден од најпознатите ресторани со три Мишелин ѕвезди во Брисел, во ресторанот Бруно (Bruneau). Таму работел 2 години, а потоа започнал да работи во Хотелот President WTC со 5 ѕвездички.
Војниот рок го отслужил во НАТО офицерски дом во Брисел. Кога наполнил 30 години тој веќе имал работено во повеќе ресторани, каде што ги изучувал тајните на кулинарството. Потоа почнал да работи како асистент менаџер во хотел ресторанот во сопственост на Белгиското Министерство за одбрана, каде работел 6 години. Отсекогаш сакал да се обиде да биде независен, самостоен шеф, така што го отворил својот ресторан и кетеринг услуга во Брисел наречен „La PalletteGourmande”.
Во 2006 година зема учество во натпреварот Најдобар мастершеф во Белгија и го освојува второто место. Подоцна, во 2012 година зема учество и на Светскиот кулинарски натпревар во Кина, Пекинг, како тим лидер на Белгискиот тим, каде што освојуваат шесто место во светот и прво место за најдобар шеф од Европа. Во 2016, на Интернационален кулинарски натпревар го освојува златниот медал. Член е Европската асоцијација на шефови - Euro-Toques.
Од 2014, Марк живее и работи во Скопје, Македонија работејќи како персонален шеф, гостин шеф во повеќе ресторани, кетеринг и консултации за храна.