ОСНОВИ НА СЛАТКАРСТВОТО
Public Room и Mарија Тасиќ отвораат курс за изучување на основите на слаткарство.

Времетраење: 8 недели (секој понеделник по 2 часа практична настава + дегустација на храна со пијалaк и социјализација)
Почеток: 30. септември, 18:30ч.
Место: SLAVA ROOM, кат 1, Јавна соба / Public Room
Ментор: Марија Тасиќ
Работен јазик: македонски
Цена на курсот: 9.750 МКД (со вклучена опрема, намирници и туторијали за готвење, дружење и забава)
Упис: задолжителен (бројот на учесници е лимитиран на максимум 12), а учесниците се запишуваат на принцип прв пријавен - прв запишан.
Рок за пријавување: најдоцна до 24. септември, 2019

КУРС ОСНОВИ НА СЛАТКАРСТВОТО
Јавна соба во соработка со менторот Марија Тасиќ отвораат нова програмска активност за поединци, парови или мали групи. Станува збор за 8 неделен основен курс по креативно слаткарство. Курсот е наменет за лица кои сакаат да навлезат во тајните на слатките и научат како се подготвуваат популарни,„познати”, и комерцијални слатки, стари и нови рецепти на торти, колачи, преливи и сл. Од овој базичен курс очекуваме да излезат млади слаткари кои индивидуално ќе подготвуваат десерти за свои потреби или хонорарно, па и професионално ќе се занимаваат со катеринг, производство и продажба на слатки. Учесниците ќе дознаат и што значи подготовка и испорака на слатки во точно договорено време, почитување на рокови и стандарди.

Она што останува кај секој еден учесник по завршувањето на курсот се совладани професионални техники на подготвување на слатки, како и рецепти кои се едноставни и можат да се применат подоцна во секојдневниот живот, без разлика на нивото на кулинарски или слаткарски вештини кои секој еден учесник ги поседува пред почетокот на овој курс.

Програмата се темели целосно на практична наобразба која ја пренесува ментoрот, кому слаткарството ѝ е специјалност. Процесот на едукација предвидува секој од учесниците да ја следи демонстрацијата на Марија, а подоцна истото да го подготвува самостојно или во пар. Целта е сите учесници да ги дознаат основите на слаткарството, да научат да подготвуваат вкусни десерти кои се прифатливи за сите генерации, со други зборови, на брз и едноставен начин да успееме да направиме вкусен и визуелно допадлив десерт во секое време.

ШТО ВКЛУЧУВА СЕКОЈ ЧАС
• Состојки потребни за подготовка на храната,
• Прибор и опрема потребни за подготовка,
• Информации за производители и локални дистрибутери на значајни намирници,
• Дискусија за состојките, начин на подготовка, начин на сервирање и презентација,
• Техники на приготвување и нивна примена во секојдневниот живот, • Декорација на порција и презентација пред гости,
• Дегустација на слатките и критика.

СЛАТКИ КОИ ЌЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ
• Колач од мак – стар македонски рецепт
• Торта од сирење „cheese cake”
• Крушка и бадем колач „peer and almond cake”
• Маскарпоне чоко торта
• Мафини од тиква „pumpkin muffins“
• Торта со житарки
• „Panna cotta”
• Класична чоколадна торта „chocolate tart”

ТЕХНИКИ НА ГОТВЕЊЕ ПОЧЕТЕН КУРС СЛАТКАРСТВО
- Препознавање на квалитетни намирници и нивно значење во крајниот вкус на производот,
- Припрема на базични теста и подлоги за торти и колачи,
- Поучни техники за печење на торти, запекување на тесто, користење на помагала, фолии, купки и сл.
- Трикови на матење (ладно и топло) и приготвување на сезонски и безсезонски десерти,
- Подготовка на крем и преливи за слатки и торти,
- Слоеви на торти и сооднос на различни намирници,
- Моделирање на слатки со слободна рака и по калап,
- Декорирање и презентација пред гости
- Спарување со пијалок (дигестиви и десертни вина)

ЦЕНА ПОЧЕТЕН КУРС СЛАТКАРСТВО
9.750 МКД и вклучува:
- Неповратна престилка за секој учесник,
- Неповратна крпа за секој учесник,
- Прибор и опрема потребни за подготовка на храната,
- Намирници за секој час,
- Пренос на професионални техники на готвење на оригинални рецепти,
- Дегустација на подготвената храна и разговор/критика,
- Чаша десертно вино/бренди/дигестив за секој учесник, се служи по завршување на часот.

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАМ ЗА ДА СТАНАМ УЧЕСНИК?
- Да се пријавам на курсот со испраќање на email на marija@publicroom.org
- Да ја уплатам бараната сума за курсот,
- Дојдам на 30. септември во Public Room и станам дел од неформалното образование за основи на слаткарство
- Да го резервирам секој понеделник во период 30. септември – 18. ноември, 2019 за овој курс.

ЗА МЕНТОРОТ МАРИЈА ТАСИЌ
Страстен самоук слаткар кој своето долгогодишно практично искуство сака да го сподели со сите оние кои ја делат истата љубов наречена десерти.
Иако нема формално образование во областа, преку своите досегашни развиени техники нуди можност да ве внесе во светот на изработка на квалитетни и вкусни десерти, кои понатаму со соодветна надоградба може да ги искористите и во уникатни професионални цели.

Адреса

ул. 50та дивизија, 22
1000 Скопје 


Контакт

е-маил: info@publicroom.org        
телефон: +389 78250554
Фејсбук
Инстаграм