Home

Услуги

artist_1.jpg

Управување

Работата на уметникот и културниот менаџер станува многу комплексна а обврските и должностите диктираат поседување на различни управувачки вештини и познавања. Користење на Консалтинг услуги и услуги од третри лица се многу чести елементи на современото културно управување и одлично лидерство. Креативните индустрии низ светот масивно ги ползуваат овој тип на услуги и остваруваат голем бенефит од предностите кои тие ги носат со себе.

Доколку сте заинтересирани за: формирање на стабилна организација, проширување на оперативните активности, минимализирање на оперативниот трошок, зголемување на учинокот, изнаоѓање на нови финансиски извори, легални совети, вашата организација може да оствари голем бенефит доколку ги користи професионалните услугите на организацијата Јавна соба.

Поврзаност и комуникација

Кога и да барате странски партнер; организациja, кустос, менаџер, уметник, бидете слободни да ги посетите бази на податоци која ви ги препорачуваме и откријте кој се може да биде партнер за вашиот иден проект.

Стимулацијата на различноста и размената се приоритети на многу културни организации. Ние го делиме истото мислење во однос на овие прашања! Со цел да ја стимулираме националната и регионалната разновидност и развој, предлагаме поврзување со неколку бази на податоци.

Побарување на средства од институционални и приватни донатори

Дали некогаш сте се запрашале зошто вашата апликација за грант била одбиена?? Дали некогаш сте сакале да дознаете што еден донор вистински бара?

Имајќи ја улогата на финансов консултант во културниот и социјалниот сектор, ние успеваме да го интерпретираме административниот и комерцијалниот јазик на владините и приватните донори за културните капацитети подобро да ја разберат идејата од сето тоа. Како самостојна организација успеваме да ги преточиме вашите тешкотии во разбирањето на финансиските критериуми во можности за успешно финансирање на вашиот проект.

Јавна соба во соработка со партнер организации разви можност за препознавање на добри проектни идеи! Ние перманентно ги надградуваме нашите вештини на паралелно размислување со другите културни организации, се со цел да изготвиме ваш успешен предлог проект и да постугнеме максимално финансирање за истиот.

 

Најнов проект

18.10.2010 - 26.10.2010

Domestic violence and the fight against

14.06.2010

19.00ч. – отворање на изложба на фотографии „Под површината“
20.00ч – театарска изведба „Под површината“