Home

Промо центар

vlez_resize.jpg

Промо центар

Компилација на вистински вредности и новитети. Архитектурата на старата дебармаалска куќа датира од 1920 година и му дава дополнителниот шарм на овој мултифункционален простор. Промо центарот располага со две изложбени галерии, студио, една конференциска соба, два тоалета, кујна и два балкона погодни за организирање на настани од типот на конференции, дебати, семинари, промоции, приеми, предавања и слично.

Галериски простор

Има вкупна површина од 80 м2 и располага со сите потребни технички помагала за реализирање најразлични типови на изложби.

Интимноста најзначително може да се доживее во 15 м2 конференциската сала. За конференциите зад затворени врати, на располагање се става и потребната современата технологијата (безжичен Интернет, компјутерска опрема, звучна инсталација, ЛЦД проектор, платно за проекции и друго).

Отворената терасата е резервирана за дополнителни уживања, одмор и релаксација, бистрење на умот и поглед кон Водно, на дел од Градскиот парк и на дел од Дебар маало.

Новост е резиденцијата за уметници од странство. Студио кое се користи како просторија за временски престој на ликовни уметници. За оние кои сакаат да ги доживеат вредностите на уметничкиот живот, резиденцијата за уметници е отворена за посетители во деновите кога апартманот нема да биде резервиран. Уметничката резиденција е опремена на рамниште на хотелска соба со сите погодности, вклучувајќи и мало катче за библиотека.

Изнајмување

Целиот простор за три часа чини 5.000 денари. Во цената е пресметано користење на целата опрема со која располага Промо центарот вклучувајќи и бесплатни освежителни напитоци за секој гостин.

Галерија

Или главната просторија на промо - центарот со површина од 45 квадратни метри нуди одлични услови за прес-конференции. Нејзино изнајмување за два часа, со вклучена опрема и освежителни пијалоци чини 3.000 денари. Исто толку чини и изнајмувањето на конференциската сала.

Капацитет

Јавна соба - Промо центар за изведување на семинари, предавања, дебати и конференции е до 25 лица. За време на приеми и промоции дозволен е капацитет од 120 луѓе.

Можност за дополнителни услуги:

  • кетеринг
  • менаџирање на настан
  • консултации при промоции      

 

Најнов проект

18.10.2010 - 26.10.2010

Domestic violence and the fight against

14.06.2010

19.00ч. – отворање на изложба на фотографии „Под површината“
20.00ч – театарска изведба „Под површината“