Структурна Поддршка - Модел за Прогресивна Kултура
Kонструктивна работилница за унапредување на културната соработка. Oрганизатори: Јавна Соба и Stichting Cultural Aid
ПРИРАЧНИК за Структурна Поддршка во Културата во Македонија
Конструктивната работилница резултираше со издавање на прирачник кој се смета за појдовна точка во поглед на структурното финансирање на независни културни организации во Македонија. Прирачникот е изработен во 2 верзии, печатена и електронска. Печатената верзија е двојазична (Македонски и Англиски), додека електронската верзија е на англиски јазик. Двете верзии се наменети за широка употреба и се бесплатни.
ПРЕВЗЕМИ: English
Печатената верзија може да биде испратена по пошта исклучиво на адреси во Македонија. За да добиете бесплатен примерок од печатената верзија испратете ги вашите податоци на contact@publicroom.org . На истата контакт адреса можете да се обратите и за дополнителни прашања.
Листа на учесници (pdf)
13 јануари, 2010 Првата сесија предвидува анализа на моменталната состојба во културата во Македонија и презентирање на искуства од Холандија со цел да се отвори дискусија за изнаоѓање автохтон модел за напредна културна соработка помеѓу централната и локалната власт од една и независните културни фактори од друга страна, со што би се постигнала поефективна презентација на Македонската култура во меѓународни рамки.
Во првиот дел ќе бидат прикажани перспективите на: (1) централнaта власт, (2) локалната власт, (3) јавните културни институции (4) независната културна сцена. Постои вистинска потреба да се направи анализа на работата во целиот сектор и да се постават повисоки цели со што ќе се зголеми задничката ефективност и крајните резултати. Целта на овој дел е да се детектираат вистинските потреби, да се разгледуваат можните начини на поддршка и финансирање кои што би овозможиле поефикасно функционирање на целиот сектор култура како и унапредување на работата преку внесување на нови форми на културна соработка на национално и интернационално ниво.
Во вториот дел ќе се споделат искуствата со колеги од Холандија. Размената на искуства и практики треба да допринесат кон подобрување на работата на организациите во Македонија на национално и на локално ниво. Фокусот во овој дел од работилницата е свртен кон претставување на различни инструменти на финансирање и нивно практично системско спроведување: структурно финансирање, партнерство со јавните институции, соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор.
14 јануари, 2010 Втората сесија од работилницата се состои од изнаоѓање модел којшто ќе може да се имплементира во локалниот контекст, реализиран низ работна сесија на која што ќе присуствуваат претставници од министерството за култура на Македонија, локалната власт (општините во Македонија) и граѓанскиот сектор. Понатаму, во текот на работниот дел ќе се разгледуваат можните начини за воспоставување на систем на соработка со незавнисниот културен сектор, моделиран така што ќе нуди непречена поддршка за реализација на своите активности врз основа на воспоставен систем на критериуми и транспарентност во одлучувањето. Идејата позади оваа иницијатива е како со помалку финансиски средства, а подобра комуникација и координација да се зголеми ефикасноста во работата како на јавните органи и институции, така и на приватните и независни организации во областа на културата.
ПРОГРАМА: (превземи)
Цели на работилницата се:
- Зголемување на капацитетите на културниот сектор во Македонија преку презентирање на современиот модел на финансирање во културниот систем.
- Стимулирање на креација на локалниот модел за структурна поддршка изграден врз експертизата од земјите каде што практиката на структурната поддршка функционира веќе подолго време.
- Kреирање на локален модел за структурна соработка во Македонија на национално и локално ниво.
Контакт
Елена Вељановска elena@publicroom.org 071324497
Марија Нововиќ marija@publicroom.org 071390147
Организатор: Јавна Соба во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија
Поддржано од: Амбасада на Кралството Холандија


