Современа опсесија - Sacha Lannoye (Саша Ланоје)
Sacha Lannoye се занимава со личните потреби на луѓето. Нејзините финални изведби го претставуваат нејзиното размислување кое доаѓа како одговор на човековото однесување. Таа се обидува да комбинира задоволство, функционалност и естетика на начин на кој тие меѓусебно се надополнуваат.
Со користење на препознатливи состојки во нов контекст, продуктите ја пренесуваат пораката и им го покажуваат на луѓето нивниот изненадувачи и ироничен поглед кон светот. Така тие стануваат моќна алатка издигнувајќи се над материјалното.
Sacha Lannoye CV, www.sachalannoye.nl
Дела кои ќе бидат изложени во Promo centar Public Room во Скопје од 28ми април до 15ти јуни 2009.
HUMAN TOUCH
|
На пазарот постојат многу вази со индустриски изглед или асимитрични, фигуративни вази. Ретко може да видите ваза која е комбинација и од двете. Затоа ја дизајнирав Human Touch (Човечки допир).
Human Touch во основата има симетрично индустриски облик од едната страна, додека пак другата страна на вазата постепено преминува во реалистичен женски врат.
SIZE 34
|
"Size 34" (Величина 34) претставува исмејување на етикетите кои се наоѓаат на задниот дел од џинсот. Едноставно се става на вашиот ремен. Сега тој станува накит кој укажува дека имате совршена величина, имено "Size 34". "Size 34" го критикува притисокот кој општеството и го задава на жената во поглед на нејзиниот изглед.
Многу жени се опседнати, дури и фрустрирани со желбата да изгледаат витки. Оној што купува "Size 34" веднаш се вбројува во овој невозможен идеал. На овој начин сите жени се совршени.
WORKAHOLIC
|
"Workaholic" е ланче кое има за цел да ги исмее луѓето кои се опседнати со својата работа. Станува збор за лична, златна визит картичка, која што можете да ја носите како накит. Во оваа тенка, мала кутија можете да ги ставите вашите визит картички и да бидете спокојни дека нама да ги заборавите.
BLABLABLA
|
"Blablabla" претставува исмевање на добро познатите златни ланчиња со нечие име кои што луѓето ги носат. "Blablabla" ја антиципира површната страна на комуникацијата меѓу луѓето. За оние кои го носат, како и за оние кои го гледаат "Blablabla" делува спротивставено и го покажува релативизмот на нештата.
YADAYADAYADA
|
"YadaYadaYada” претставува исто така исмевање на популарните златни ланчиња со нечие име и ја антиципира површната страна на комуникацијата меѓу луѓето. "YadaYadaYada” се користи кога сакате да прескокнете некој досаден дел од вашата приказна. Ова ланче комуницира поинаку со оние кои го приметуваат на вас.
MAX 20 KG
|
"Max 20 kg" ги тера луѓето да размислуваат за апсурдноста да се постигне совршено тело. Но што е тоа што ние го препознаваме како совршено тело? Ниедна здрава жена, доволно возрасна да облече високи потпетици, не може да соодвествува на оваа барана тежина. Тоа индицира дека никој не одговара на оваа пропагандистичка идеологија за телото.
RED ROSE
|
Многу луѓе се окупирани со својата работа. Со "Red Rose" („Црвена роза“) ќе го живеете секој ден како потенцијален состанок на слепо.
BROOCH
|
Луѓето константно бараат обновување. Истовремено сакаме одобрување за да го видиме очигледното. "Brooch" претставува реакција на конзервативните ограничени луѓе.
CORSAGE
|
Луѓето константно бараат обновување. Истовремено сакаме одобрување за да го видиме очигледното. "Corsage" претставува реакција на конзервативните ограничени луѓе.
GUCCI
|
Што е подекадентно или полудо од дизајнирани хигиенски влошки?
SKINNY BONE
|
Многу луѓе се опседнати со желбата да бидат слаби. Кога го носите skinny bone, вие секогаш изгледате слабо без оглед на вашиот број на килограми. Станува збор за ремен каде што облици во форма на коски на бедрата се пресирани во кожата. На овој начин формата на жеското тело изгледа совршено.
SECOND SKIN
|
Дали сте подготвени за нова кожа? Face Lift, хемиски пилинг, ласерски третмани за да го сочувате младиот изглед на вашата кожа. Со Second Skin веднаш и без никаква болка, добивате млада, нежна кожа која што ќе може да ја покажувате!! Исто така е многу ефикасна доколку сакате да имате поинкава боја на кожата.
SOLID TOOLS /SLOW FOOD
|
"Slow Food" или „Спора храна“ претставува прибор за јадење дизајниран за да го даде своето мислење против „културата на брза храна“. Спротивно од лесниот пластичен прибор, продуциран за една употреба, "Slow Food" се обидува да се фокусира на првобитната суштина на конзумирањето храна. Се однесува на ужувањето во храната, како момент кој ќе го одвоите за себеси и за вашето семејство. Цврстиот изглед и масивната тежина на "Slow Food" за кои станувате свесни додека јадете, го донесува примарниот инстинкт да ја третирате храната со почитта која што ја заслужува.
BMBM
|
Buy More Be More (Купете повеќе бидете повеќе) дава впечаток дека премногу сте купувале. Во меѓувреме вие всушност го покажувате својот полн новчаник и празна торба, направена од неколку торби споени во едно.
T-shirt
|
Оваа маица може да ја носите онаква каква што е или пак во комбинација со брошевите на Sacha Lannoye.

