Презентација на балканскиот документарен центар
Мартичка Божилова, директор на центарот - Бугарија
8 јуни 2010, вторник, Јавна Соба 11.00 -12.00
Балканскиот документарен центар (БДЦ) е посредник во создавањето и дистрибуцијата на критички документарни филмови и социјални кампањи на Балканот. БДЦ го обединува креативниот потенцијал на филмските режисери, новинарите и медиумските претставници, ги поврзува со институциите за унапредување на човековите права и граѓанското општество и поставува меѓународни стандарди во правењето на документарните филмови и организирањето на кампањите. БДЦ е сместен во историски важна зграда во центарот на Софија, која сега целосно се реновира. БДЦ ќе поддржува три вида активности.
1. Образовна и институционална поддршка. Целна група: автори на документарни филмови, новинари, продуценти, дистрибутери и радиоспикери; Сместен во центарот на Балканот, БДЦ ќе биде пристапно место каде што ќе се обучуваат режисери од регионот според стандардите на европската филмска продукција и ќе се помагаат почетни проекти. Така, Центарот ќе придонесе кон постепено создавање генерација на професионалци, кои ќе работат според највисоките критериуми на европската аудиовизуелна индустрија, развивајќи го, притоа, потенцијалот за дистрибуција не само на регионално, туку и на меѓународно ниво;
2. Унапредување на дискусии, подигање на свеста и поголем публицитет. Целна група: балканска и меѓународна публика; Проектите на БДЦ ќе бидат поддржани со дискусии и рекламни кампањи, организирани во партнерство со граѓански организации и медиумите. Целта е да се информираат граѓаните за проблемите за кои не се зборува на јавните дискусии и да се поттикне лично активно учество во општествено критичните прашања;
3. Унапредување на интернет-соработка и меѓународна соработка Целна група: организации кои се занимаваат со човековите права, слободата на изразување, социјалната правда и граѓанските слободи, продукциски компании и професионалци во аудиовизуелниот сектор;
Поттикнувањето на вкрстената соработка и воспоставувањето врски меѓу земји во регионот ќе придонесе кон создавање платформа за соработка и во документарни и социјални проекти. БДЦ ќе биде виртуелно вклучен преку специјализиран веб-сајт за соработка со база на податоци за професионалците во оваа индустрија, а ќе биде задолжен и за техничките и организациските аспекти на отпочнувањето, финансирањето и дистрибуцијата на заедничките документарни проекти.
Балкански Документарен Центар
иницијатива на АГИТПРОП и Бугарската Фотографска Асоцијација. Поддржано со грант од Trust for Civil Society in Central and Eastern Europe, MEDIA INTERNATIONAL програмата на ЕУ и на Државниот инситут за култура при Министерството за внатрешни работи на Бугарија.
Во партнерство со Докуфест – Призрен (Косово), Јавна соба (Македонија), Документор (Романија).
www.bdcwebsite.com

