Дизајн изложба „Холандска када“

Јавна соба има чест да го најави отворањето на дизајн изложбата Холандска када на 18 Јули во 17.00 часот во Промо Центарот во Скопје.
Станува збор за презентација на 2 дела од серијата холандски кади со различни димензии. Едната када ќе биде пренесена во Хотелот Белви во Илинден каде исто така ќе се направи презентација пред неколку деловни субјекти.
Холандската када е типичен урбан дизајн и потреба. Претставува многу есенцијална потреба во урбаната и руралната средина насекаде во светот не само во развиените земји. Оваа изложба постигна светска слава благодарејќи на номинацијата за Холандски дизајн на годината, 2008. Првиот природен систем за загревање на вода придонесува за голема примена на овој објект за кое се потребни само вода и дрва. Најважните елементи со кој се одликува овој дизајн е минималната тежина, мобилноста и систeмот за загревање на природна енергија.
Презентацијата на холандската када во Скопје е партнерски проект на Јавна Соба и Cultural Aid од Холандија.



