Престој на уметници
Студио за престој на уметници
Јавна соба нуди студио за престој за уметници од странство. Организацијата го поддржува планирањето и реализацијата на проектите на оние кои ќе престојуваат, нивната артистичка продукција и развојот и организацијата на представувањето на уметничките и културните проекти во Скопје и пошироко.
Капацитет
Студиото за престој е комплетно опремен простор за најмногу двајца уметници од странство во ист временски период. Изборот на визуелните уметници е базиран на индивидуалните апликации во соработка со националните, регионалните и меѓународните партнери на ниво на стандардите на оригиналност и креативност. Годишно организацијата има капацитет да биде домаќин на најмногу шест проекти.
Регионална соработка
Проширениот број на национални и регионални институции подразбира поголема соработка и повисоки заеднички достигнувања. Со некои организации од регионот имаме исти амбиции. Уметниците кои престојуваат во Студиото во Скопје, доколку се заинтересирани, се исто така поканети да поминат дел од нивното време во едно или две такви студија низ регионот.
Публицитет
Секој од проектите изработени од уметниците кои се на престој ќе бидат подложни на национален и меѓународен публицитет.. Во соработка со реномирани издавачки организации, истакнати национални и регионални културни институции, како и ПР канцелариите, организацијата Јавна соба успева да ги постигне посакуваните промотивни цели.
Финалната продукција (изложби, работни презентации, изведби) се презентирани во галеријата на Јавна соба (80м2), или во еден од локалните музеи, мултимедијални простории итн. Во соработка со регионалните партнери ја поддржуваме презентацијата на истите проекти во неколку главни градови во регионот.








