Art Hotel Public Room

Единствено сместување во Скопје кое нуди луксузно опремени Арт апартмани по најповолни цени. ART HOTEL Public Room е уникатно место за престој на гости коешто го внесува гостинот во светот на современата уметност. Хотелот е лоциран во Дебар Маало во Скопје во непосредна близина на градскиот парк.
Никогаш не сте имале можност да престојувате во галерија или во музеј? Арт Хотелот ви дава единствена шанса додека престојувате во некој од нашите удобни апартмани да ја почувствувате магијата на уметноста и да навлезете подлабоко во светот на македонската и меѓународната современа уметност.
Со користење на услугите во ART HOTEL Public Room Вие го поддржувате уметничкиот сектор. Затоа уметничкиот сектор ви овозможува вашиот престој во Скопје да ви остане во трајно сеќавање
ART Hotel Public Room ви нуди две луксузни можности.
Suite GALLERY
45m2 климатизиран и целосно опремен апартман со спална, кујна, трпезарија, купатило и галерија – дневна соба каде гостите слободно можат да користат кабелска ТВ и интернет. Капацитетот на овој апартман е максимум 3 лица.
Suite ROOM
45m2 комплетно опремен апартман со една спална, трпезарија/дневна соба, кујна и купатило. Гостите слободно можат да користат кабелска ТВ и интернет. Капацитетот на овој апартман е максимум 2 лица.
И во двата апартмани поставена е мала библиотека која ќе ве внесе во светот на современата уметност. На ваше располагање се повеќе од 200 каталози од групни и самостојни изложби од современи автори, ДВД-а, ЦД-а и портфолија на уметници. Сите гости редовно добиваат информации за културните настани во градот.
Ве молиме запомнете дека во ART HOTEL Public Room пушењето е строго забрането.
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА
Повеќето од уметничките дела кои што се изложени се во формат и нивната цена се движи од € 20 до €100 или од 1290,00 денари до 6.180,00 денари. Сите гости кои што престојуваат 7 или повеќе ноќи добиваат 15% попуст на сите цени. Нашиот персонал со задоволство ќе ви даде детални информации за уметничките дела и дизајните кои се поставени во просторот.


