За нас

PublicROOM
Граѓанската иницијатива Јавна соба е активна во целиот регион и пошироко. Нашите активности и програма му дозволуваат на непрофитабилниот сектор од регион да влијае врз националните културни политики и стратегии и да ја интензивира соработката во полето на културата, уметноста, дизајнот и архитектурата. Здружението креира и имплементира програми и настани во соработка со професионални културни работници, se со цел да се промовираат отворени и демократски општества во регионот.
Во соработка со добро утврдени културни партнери Јавна соба истовремено организира и нуди краткорочни обуки и работилници за културни работници во области кои не се опфатени од образовните програми во регионот. Исто така стимулираме создавање на сцена за јавна дебата, развој на идеја и реализација, а во исто време ја стимулираме културната размена.
Мисија
Создавање на платформа која ќе го стимулира поставувањето на културен и креативен сектор како одржлив партнер во одлуките и реализацијата на владините, невладините и приватните секторски оперативни активности.
Визија
Ние ја интерпретираме културата како склоп од решенија на проблемите на живеење во едно специфично време и на специфично место. Тие решенија се впиени низ генерациите за да се развие и задржи единствена визија на цивилизираниот начин на живот. Културата ја вреднуваме како едно од најголемите нешта кое можеме да го споделиме со другите.


