Услуги

Храна – Во околна близина на Арт хотелот има маркети, пекари и ресторани каде што може да доручкувате, ручате и вечерате. Ќе се изненадите колку се прифатливи цените на храната и услугите во околината. Може да доручкувате за помалку од 60 денари (€1) (пекара) и околу 120 денари (€ 2) до 180 денари (€ 3) во околните ресторани. Ручек или вечера во околните ресторани ќе ве чини од 300 денари (€ 5) до 600 денари (€10).  

Такси – Такси услугите се користат редовно и цената е многу прифатлива. Стандардната тарифа е 50 денари (0,80 EUR cents) за првите 2 км. Најблиската такси станица е на 30м. од ART HOTEL  PUBLIC ROOM.

Велосипеди – Скопје нуди можност за изнајмување на велосипед. Цената за 1 час изнесува 10 ден (0,15 EUR cents). Велосипедите се изнајмуваат најдоцна до 21.00 часот.

Бидејќи Арт Хотелот се наоѓа во центарот на градот, на повеќето од вашите дестинации ви препорачуваме да стигнете пешки.

Друго – во близина на хотелот има супер маркети, зелен пазар, аптека, салони за убавина, фризерски салони и спа центар, секако и распространетиот Градски парк.

Но доколку вашата желба или потреба не е наведена на оваа веб страница не се колебајте да ни се обратите.