Локација

Арт Хотелот се наоѓа на самиот почеток на Градскиот парк, карши Фонтаната на булеварот Илинден.
Адреса: Пајак 4, 1000 СкопјеМакедонија
Како да стигнете до ART HOTEL PUBLIC ROOM?
Со автомобил
Доаѓајќи од Е65 и од север и од југ, треба да ја следите ознаката Центар. Кога ќе навлезете во градот, следете ја ознаката Влада на Република Македонија или пак Арена Филип II.
Кога ќе ја поминете зградата на Владата (од вашата десна страна) продолжете право на семафорите. По 50м свртете десно на бул. Св. Климент Охридски, и потоа свртете лево на ул. Ристо Шишков. На 100 м ќе дојдете до ул. Пајак. Исто така ќе видите и ознака ART HOTEL PUBLIC ROOM.
Со јавен сообраќаен превоз
Автобусот со бр. 8 којшто оди од Љуботенски пат до Влае, застанува на бул. Илинден. Симнете се на станицата кај Фонтана, градски парк.
Со такси
Од аеродромот Александар Велики – 800 ден (€13,50)
Од автобуската станица – 150 ден (€ 2,50)
Од било која локација од централното градско подрачје не повеќе од 100ден (€1,60)


