Home

Јавна Соба

DV_dv1959057.jpg

За нас

Граѓанската иницијатива Јавна соба е активна во целиот регион и пошироко. Нашите активности и програма му дозволуваат на непрофитабилниот сектор од регион да влијае врз националните културни политики и стратегии  и да ја интензивира соработката во полето на културата, уметноста, дизајнот и архитектурата. Здружението креира и имплементира програми и настани во соработка со професионални културни работници, se со цел да се промовираат отворени и демократски општества во регионот.

Во соработка со добро утврдени културни партнери Јавна соба истовремено организира и нуди краткорочни обуки и работилници за културни работници во области кои не се опфатени од образовните програми во регионот. Исто така стимулираме создавање на сцена за јавна дебата, развој на идеја и реализација, а во исто време ја стимулираме културната размена.

Мисија

Создавање на платформа која ќе го стимулира поставувањето на културен и креативен сектор како одржлив партнер во одлуките и реализацијата на владините, невладините и приватните секторски оперативни активности.

Визија

Ние ја интерпретираме културата како склоп од решенија на проблемите на живеење во едно специфично време и на специфично место. Тие решенија се впиени низ генерациите за да се развие и задржи единствена визија на цивилизираниот начин на живот. Културата ја вреднуваме како едно од најголемите нешта кое можеме да го споделиме со другите.

Најнов проект

18.10.2010 - 26.10.2010

Domestic violence and the fight against

14.06.2010

19.00ч. – отворање на изложба на фотографии „Под површината“
20.00ч – театарска изведба „Под површината“