Формат: Дегустација на вина
Тема: Балкански вински региони и специфични сорти на вина
Времетраење: 10недели (секој понеделникпо 100 до 120 минути)
Почеток: Понеделник, 11.март, 2019 (18:30ч.)
Место: SLAVA ROOM, кат 1
Сомелиер: Петар Величковиќ
Јазик: Македонски/English
Цена: 9.500 денари
Упис: задолжителен (број на учесници е лимитиран до 12)
Рок за пријавување: 07.март, 2019

ЗА КУРСОТ
Јавна соба во соработкасо сомелиерот Петар Величковиќ организираат курс за дегустација на вина од автохтони сорти од пет балкански земји. Се работи за вина кои се застапени во винските региони во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција и Македонија.
Работиме на еден курс кој ќе произведе нови познавачи на вино кои своето знаење подоцна ќе го употребат во приватниот живот или ќе им биде одлична подлога за професионален курс за сомелиери. Тука се добредојдени и сомелиери кои никогаш не сакаат да престанат да учат, дегустираат и да се социјализираат.
Програмата опфаќа дегустација на црвени и бели,а во неколку наврати ќе бидат послужени пенливи и десертни вина кои се специфични за секој од регионинте кои се програмски опфатени. Секое вино е печат на самиот регион, а учесниците ќе можат да откријат малку повеќе и за историјата, периодот на берба, минералите во почвата, климата, и други карактеристики кои ја прават таа сорта посебна.
На Балканот има голема традиција во одгледување на вино, затоа и постојат толку уникатни сорти кои исклучиво се култивираат на ова поднебје. Покрај македонските вински региони Вардарска долина, Полог и Пелагонија, програмата на овој курс вклучува вина од Истра и Далмација (Хрватска), Шумадија и Срем (Србија), Дунавска рамнина и Тракија (Бугарија), Северна Грција и островите во Егејско море (Грција).

ШТО ОПФАЌА СЕКОЈ ЧАС
• Дегустација на 50, црвени, бели, пенливи и десертни вина,
• Совети за спарување на вината со соодветна храна,
• Детални информации за вински региони и нивните специфичности,
• Информации за специфични вински сорти (етикети) и познати винарии од регионите,
• Дебата за вкусот, аромата и бодување на секое вино,
• Храна (мезе) компатабилна со секое вино.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ ОВОЈ КУРС
Љубители на вино, луѓе кои уживаат во добра чаша вино и сакаат да ги прошират своите хоризонти.Се работи за неформално образование кое ќе им помогне на сите учесници да научат кои вина се најпознати од балканските вински региони, информации за винариите од истите региони. Од овој курс секој учесник ќе научи како да го препознае вкусот на виното, да го одбере најдоброто вино кога се наоѓа во продавница или ресторан. Спарувањето со соодветна храна е шлагот на тортата. Мини залчиња од храна која е компатибилна со секое вино ќе биде сервирана за време на дегустацијата на вината.

ЦЕНА
9.500 МКД – цена на курсот, и вклучува:
• Печатени информации за винските региони кои програмски се изучуваат,
• Дегустација на 50 различни вина од целиот балкански регион,
• Храна (мала закуска) која е компатибилна со секое вино,
• Социјализација со останати љубители на вино.

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАМ ЗА ДА СТАНАМ УЧЕСНИК НА КУРСОТ ЗА ДЕГУСТАЦИЈА НА ВИНА?
• Да се пријавам за курсот со испраќање на email на info@publicroom.org и да побарам инструкции за плаќање,
• Да уплатам 9.500 денари за курсот,
• Да дојдам на 11.март 18:30 во Public Room и да станам дел од неформалното образование за дегустација на вина.

СОМЕЛИЕР ПЕТАР ВЕЛИЧКОВИЌ

Петар Величковиќ е сертифициран сомелиер, WSET Вински едукатор во Wine Way центарот за винска едукација во Скопје и студент со WSET диплома. Работел во повеќе интернационални ресторани со мишелин ѕвездички како Wolfgang Puck’s CUT Restaurant во Four Seasons (Бахреин); Jason Atherton’s restaurant Social (Дубаи), Silversea Cruises. Во моментов, ја завршува својата WSET диплома и го остварува својот сон да биде првиот Учител – мајстор на вино во Македонија и Србија.
Како и секој вински вљубеник и тој ќе каже дека има еден момент во животот кога сфаќате дека виното ќе биде ваша пасија. Во случајот со Петар, тоа било кога на подарок ја добил книгата “Wine Wise”, а со неа и „винската бубачка“.
Се надеваме дека овој курс ќе биде моментот која Вие ќе ја добиете вашата „винска бубачка“.

Адреса

ул. 50та дивизија, 22
1000 Скопје 


Контакт

е-маил: info@publicroom.org        
телефон: +389 78250554
Фејсбук
Инстаграм