КУРС ПО МОДНА ФОТОГРАФИЈА И МОДЕН ФИЛМ
5 - неделен курс, специјализиран за модна фотографија и филм и градење на професионално портфолио

Ментори: Дарко Мораитов и Зоран Зонде Стојановски
Локација: Јавна соба

ПРОГРАМА
Курсот за модна фотографија и видео ги опфаќа следниве активности и методологија

• 15 до 20 минути вовед и основни техники во модна фотографија и моден филм, пред секој час. На овој начин учесниците ќе се стекнат со основно теоретскo знаење за фотографијата и модниот филм.
• Работа, фотографирање и снимање, со професионални модели, пристап и подготовка на модна фотосесија и видео. Три модели ќе бидат на располагање на секој учесник во период од неколку часа. Целиот процес е супервизиран од страна на монторите.
• Изготвување на лично фото портфолио користејќи варијабилни техники на осветлување и видео портфолио од три различни модели со помош и асистенција на докажани професионалци од областа на модна фотографија и филм.
• Пост продуција на фотографиите и видеа од страна на секој учесник. Индивидуалните портфолиа ќе бидат претставени во форма на организирана изложба во Јавна соба. Настанот ќе биде од јавен каректер, проследен со објави во медиуми, гостувања во медиуми и јавна промоција.
• Сите учесници на курсот добиваат сертификат за успешно завршен курс по модна фотографија и моден филм.

Награда за најдобриот учесник на курсот е организиран сет за фотографирање едиторијал за потребите на Mintsquare Magazine

ВРЕМЕТРEАЊЕ НА КУРСОТ
Курсот започнува на 8. мај и е предвиден да трае 5 недели Наставата ќе биде реализирана секоја среда од 18:00ч.

ЦЕНА НА КУРСОТ
9.000 МКД

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ ОВОЈ КУРС?
Секое лице кое што веќе аматерски или професионaлно се занимава со фотографија и ја сака модата, и овој курс го гледа како уникатна можност да направи одличен спој од двете. Почетници во фографијата кои знаат дека со одредена спeцијализација во фотографијата ќе можат да ги добијат основите во фотографијата, и во исто време да се специјализираат за модна фотографија и со тоа да отпочнат и нова кариера (part time/full time).

РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Краен рок за пријавување е 6. мај 2019 со испраќање на пријава на info@publicroom.org

ПРИЈАВУВАЊЕ
Секој заинтересиран кандидат потребно е да испрати своја кратка биографија на info@publicroom.org и во предмет на емаилот да наведе Пријава за курс по модна фотографија, и да наведе име и презиме на апликантот. Пријавите можат да се испратат најдоцна до 6. мај 2019.

Адреса

ул. 50та дивизија, 22
1000 Скопје 


Контакт

е-маил: info@publicroom.org        
телефон: +389 78250554
Фејсбук
Инстаграм