×

ЈАВНА СОБА - Центар за дизајн и иновации

Mезе бар, музика, бесплатен простор за заедничко работење, концептуална продавница, прототип работилница, библиотека, продажни базари, ликовни и дизајн изложби, професионални презентации, работилници за деца и возрасни, конференции, деловни состаноци, прослави и родендени. Урбан, мултифункционален простор отворен за сите компании, организации и ентузијасти од сите генерации.
Гастрономскиот дел во Јавна Соба нуди здрава и вкусна храна. Програмскиот дел ви овозможува да поминете пријатно пoпладне или вечер и слушнете познати музички групи и ДЈи; да изложите ликовни дела и фотографии или да погледнете изложба на уметници и дизајнери од цела Европа; да го понудите на продажба или купите вашиот омилен дизајн производ; земете учество во работилница на која ќе научите повеќе; да го донесете вашето дете на работилница на која креативно ќе го помине своето време.
Просторот овозможува да имате деловен состанок во мирен амбиент или одржите конференција и семинар, да прочитате книга и списание за дизајн и архитектура, да го понесете својот лаптоп и работите во инспиративна средина, како и да организирате прослава за оние кои ви значат.

Центарот за дизајн и иновации е хибрид од можности, креативен потенцијал, достапна програма и позитивни карактери. Aко имате необична идеја Јавна Соба е место каде што сте добредојдени да ја реализирате.

PUBLIC ROOM - Centre for design and innovation

Mezze bar, music, free co–working space for freelancers, concept store, prototyping room, library, commercial bazaars, fine arts and photo exhibitions, professional presentations, workshops for children and adults, business meetings, seminars and celebrations. Public Room is urban, multifunctional place open for all companies, organizations and enthusiasts from all generations.
Food menu in Public Room offers fresh and healthy dishes. The programme allows every visitor to have pleasant afternoon or evening enjoying popular bands and DJs; exhibit fine arts and photos or to see exhibitions form artists and designers from all over Europe; offer or buy designed products; be part of a workshop or bring your children for creative course.
Space to have business meeting in quiet corner or organize conference and seminar, bring your laptop and work in inspiring atmosphere, read design and architecture books and magazines, organize celebration for those ones you love.

It is a pure hybrid space that abounds with opportunities, creative potential, programme for all tastes and people with positive attitude. You are welcome to realize your ideas in Public Room.